25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBarclays: Независно од развојот на грчката криза, продавајте ги еврата!

Barclays: Независно од развојот на грчката криза, продавајте ги еврата!

evra

Доколку Грција ја напушти еврозоната, продавајте евра, ако Грција остане во еврозоната, продавајте евра!

Вкупно земено тоа го советуваат експертите од неколку големи финансиски институции, меѓу кои „Barclays Plc.“ и „Bank of Tokyo-Mitsubishi UFJ“.

Причината – еврото, најверојатно ќе се намали до паритет врз основа на политиката на ЕЦБ за откуп на обврзници. Се очекува ЕЦБ да ја задржи политиката на откуп на обврзници во вредност од 1,1 трилиони евра до септември 2016-та година.

И додека тоа најверојатно ќе доведе до сериозен раст на цените на европските акции, тогаш е можно да видиме намалување на нивото на еврото. Единствена валута е најлошо претставување како основна валута, според податоците на „Bloomberg“.

„Во оваа фаза очигледно ЕЦБ ќе е најголемиот двигател за еврото. Експанзивната и агресивна политика од страна на ЕЦБ до септември најверојатно ќе продолжи да обезбедува опаѓачки притисок врз единствената валута“, смета Митул Котеча, раководител на единицата за валутна трговија во Азија на „Barclays“.

Котеча очекува еврото да го тестира паритетот во однос на доларот во третиот квартал од оваа година.

„Вниманието на пазарот се менува од Грција кон каматен диференцијал меѓу американската и европската валута“, според Јасуаки Амататсу, аналитичар во „Bank of Tokyo-Mitsubishi“.

Амататсу очекува еврото да го тестира нивото од 1.05-1.06 во јули. Единствената валута се очекува да се намали за околу 6% од сегашното ниво до околу 1.05 до крајот на годината, според консензус очекувањата на пазарот. Од почетокот на годината еврото загуби 4.3% од својата вредност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП