25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар: Данок или банкрот

Кипар: Данок или банкрот

kipar2

Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис ќе се обиде да ги убеди пратениците да го поддржат европскиот пакет помош со кој се воведува данок на заштедата во кипарските банки.

Анастасиадис во синоќешното обраќање кон шокираната нација, изјави дека неприфаќањето на барањата од ЕУ ќе резултира со излез на Кипар од еврозоната и соочување со банкрот, пренесува агенцијата Франс Прес.

„Јас ја избирам помалку болната опција и ќе ги сносам политичките последици од тоа, со цел колку што е можно повеќе да ги ограничам последиците врз економијата и нашиот народ“, изјави Анастасиадис.

Азиските берзи забележаа остар пад, поради стравувањата дека случувањата во Кипар би можеле да ја разгорат должничката криза во еврозоната и да ја погодат довербата во проблематичните земји како Шпанија и Италија.

„Постои чувство дека еврокризата би можела да се врати и дека би можела да се прошири, поради тоа оваа реакција е оправдана“, изјави Шејн Оливер, водечкиот економист на компанијата „AMP Capital“ од Сиднеј.

Анастасиадис синоќа вети дека ќе се обиде да ги убеди европските земји кои наметнаа строги услови, да го ограничат влијанието на строгите мерки на малите депоненти.

Во замена за добивање на 10 милијарди евра, на Кипар му е наметнат данок за сите депозити во домашните банки.

Со тоа, депозитите со вредност поголема од 100,000 евра ќе бидат оданочени со 9,9 проценти, додека оние со помала вредност со 6,75 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП