19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса со нов договор за Вилја

Барса со нов договор за Вилја

david-villa-a3efe

Арсенал најверојатно ќе се прости од својот сон да го доведе во своите редови Давид Вилја, откако Барселона одлучи да му понуди нов договор на напаѓачот.

„Топџиите“ покажаа сериозен интерес за шпанскиот репрезентативец во зимскиот преоден рок, но до договор не дојде поради раководството на каталонскиот гигант. Од „Камп Ноу“ инсистираа дека Вилја и натаму е важен играч во тимот, иако во тоа време ја имаше улогата на резерва.

Неодамна 31-годишниот голгетер успеа да се избори за место во првиот тим, а одигра многу важна улога во реваншот со Милан во Лигата на Шампионите.

Синоќа Вилја го постигна првиот гол при успехот со 3:1 над Рајо Валјакано и заедно со Лионел Меси се покажаа како убиствен тандем, иако во еден момент од сезоната односите меѓу двајцата не беа толку добри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП