19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНамалена побарувачката на iPhone 5

Намалена побарувачката на iPhone 5

iPhone-5

Американската компанија „Apple“ се соочува со многу силна конкуренција од страна на другите производители на паметни телефони како што се „Samsung“, „HTC“, „LG“ и многу други.

Акциите на „Apple“ забележаа пад на берзите откако весникот „The Wall Street Journal“ објави дека компанијата го намалила бројот на нарачки за деловите на паметниот телефон „iPhone 5“ поради малата побарувачка на овој уред, за разлика од првичните очекувања на компанијата.

Според овој весник се наведува дека нивниот извор, кој не сакаат да го откријат,  им дал информација дека „Apple“ ја преполовил нарачката на 4 инчните екрани кои ги набавуваат од јапонскиот „Sharp“ и корејскиот „LG“.  Исто така додаваат дека компанијата со седиште во Америка го намалила и бројот на нарачки и за останатите компоненти кои требале да бидат потрошени во првиот квартал од 2013-та година. Најверојатно овие информации се вистините, поради тоа што се уште нема реакција од страна на „Apple“ за овие наводи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП