29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи дава 18 милиони за Коентрао

Челзи дава 18 милиони за Коентрао

koentrao

Иако Фабио Коентрао во последно време игра во добра форма, во медиумите се шпекулира дека Реал би можел да го продаде во Челзи. Според информациите кои процурија овие денови, сопственикот на лондонскиот клуб, Роман Абрамович е подготвен да им плати на „кралевите“ 18 милиони фунти за португалскиот репрезентативец.

Коентрао воглавном беше во сенка на Марсело, кој игра на иста позиција како него, па тоа би било клучниот детал поради кој тој би можел да биде продаден.

На „Сините“ од Лондон и онака им треба решение на позицијата лев-бек, бидејќи Ешли Кол е на крајот на неговата кариера.

Фабио Коентрао одигра вкупно 55 натпревари за тимот од „Сантијаго Бернабеу“ од кога дојде од Бенфика во 2011-та година за 24 милиони фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП