20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМнозинството Германци се за излегување на Грција од еврозоната

Мнозинството Германци се за излегување на Грција од еврозоната

grcija zname goreno

Повеќето Германци, 51 отсто, што е првпат, се изјасниле за излегување на Грција од еврозоната, додека Атина и нејзините доверители не успеваат да се договорат, е заклучокот од политичкиот барометар на германската јавна телевизија ZDF објавен денеска.

Меѓутоа, аналитичарите велат дека тоа не ја покажува недовербата кон германската канцеларка Ангела Меркел, којашто се спротиставува на излегувањето на Грција од европската монетарна унија, имајќи предвид дека популарноста на нејзината конзервативна партија расте.

Околу 70 отсто од испитаниците се противат на новите отстапки на Европската унија на Грција, се наведува во ова вообичаено двомесечно истражување на јавното мислење, коешто се смета за едно од најсериозните во Германија. Студијата Politbarometer е спроведена телефонски меѓу 9-ти и 11-ти јуни, на репрезентативен примерок од 1.230 испитаници.

Сега само 41 отсто од испитаниците сакаат Грција да остане во еврозоната, откако на почетокот од годината ги имаше 55 отсто, пред владата на радикалната левици на премиерот Алексис Ципрес да ги започне тешките преговори со кредиторите, во прв ред со ЕУ.

Преговорите се однесуваат на структурните реформи коишто Атина мора да ги спроведе во замена за последната транша од 7,2 милијарди евра од актуелната меѓународна финансиска помош во износ од 240 милијарди евра. Оваа транша беше блокирана во август 2014 година, а без неа Грција во најскоро време може да се најде во ситуација да не може да ги сервисира своите долгови, по што би следел банкрот и можно излегување на земјата од еврозоната.

Германските медиуми се особено критички настроени кон грчките челници, коишто ги обвинуваат дека ги саботираат преговорите со европските партнери, со тоа што не сакаат да ги спроведат реформите, во прв ред во пензискиот систем и на пазарот на трудот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП