19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО11 милиони евра исчезнале од сметката на Кержаков

11 милиони евра исчезнале од сметката на Кержаков

kerzakov

Точно 11 милиони евра ги снемало од сметката на напаѓачот на Зенит, Александар Кержаков, кои биле орочени во „Газпромбанк“. Фудбалерот го открил ова откако не успеал да поднесе документи за хипотека за стан.

Истрага утврди дека од неговите сметки се направени неколку повлекувања, за кои Кержаков не знаел. Графологичната експертиза пак докажа дека потписот од платните налози се фалсификувани. Во моментов се води истрага за случајот и е формирано кривично дело за измама во особено големи размери.

Приходите на Кержаков за една година од плати, бонуси и рекламните договори изнесуваат 5.5 милиони евра, што значи дека тој загубил сума која ја заработува за две години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП