19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Нема напредок во преговорите со Грција

ММФ: Нема напредок во преговорите со Грција

mmf38

Делегацијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за преговори со Грција го напушти во четврток Брисел оценувајќи дека сè уште нема доближување на ставовите околу реформата што грчката влада треба да ја преземе во замена за финансиска помош.

Портпаролот на ММФ Гери Рајс рече во Вашингтон дека сега „топката е на грчката половина од игралиштето“.

„И натаму различно гледаме на работите во повеќето клучни подрачја. Во последно време не е забележан напредок во приближувањето на тие позиции“, рече Рајс.

Претставници на грчката влада и трите институции, ММФ, Европската комисија (ЕК) и Европската централна банка (ЕЦБ), со недели преговараат на техничко ниво за реформите што Грција треба да ги преземе за да се деблокира последната рата од сегашната програма на финансиска помош од 7,2 милијарди евра. Без тоа Грција тешко може да го избегне банкротот бидејќи веќе до крајот на овој месец мора да му врати на ММФ 1,6 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП