20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБонус од 200.000 евра за Касано

Бонус од 200.000 евра за Касано

Antonio-Cassano

Антонио Касано неодамна беше казнет со 40.000 евра, бидејќи имаше конфликт со тренерот Андреа Страмачони, но тој брзо се врати во стартната постава и по дуелот против Тотенхем на „Џузепе Меаца“ заработи бонус од 200.000 евра.

Иако Интер „херојски“ беше елиминиран од Лига Европа, Касано против лондонскиот клуб постигна гол и забележа асистенција со што го исполни договорениот бонус од летоска кога од Милан премина во Интер.

Покрај годишната плата од 2.7 милиони евра, Касано го заработи и бонусот од 200.000 евра кој беше за тоа доколку во сезоната 2012/2013 (без дуелите во Купот) ќе забележи 20 „бодови“, односно голови и асистенции заедно. А тоа тој го оствари веќе во средината на март.

Касано на 24 средби во Серија А, од кои четири пати започнуваше од клупата, а дури 13 пати беше заменет, постигна седум голови и забележа осум асистенции. На девете средби во Лига Европа напаѓачот даде еден гол и оствари четири асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП