17 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот на турската економија во првиот квартал подобар од очекуваниот

Растот на турската економија во првиот квартал подобар од очекуваниот

turcija1

Турција во првиот квартал оваа година оствари економски раст од 2,3 проценти во однос на истиот период 2014 година, што е повеќе од прогнозата на аналитичарите, пoкажува официјалната статистика.

Остварената стапка на раст во првиот квартал е значително поголема од онаа која ја предвидуваа аналитичарите во анкетата на Ројтерс (1,6 проценти), што предизвика скок на главниот индекс на берзата во Истанбул и зајакнување на турската лира.

Меѓутоа, турската економија сепак забави во првиот квартал, со оглед на тоа што стапката на раст на бруто домашниот производ била пониска отколку во претходниот квартал, кога изнесуваше 2,6 проценти, а пониска е и од целта на Владата на среден рок (4,0 проценти), пренесува Ројтерс.

Подобриот резултат на турската економија од очекуваниот во првиот квартал се должи на силнит раст на потрошувачката, но тоа подобрување, сепак не изгледа долготрајно, па така се очекува послаб економски раст во наредните квартали, велат експертите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП