19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕуростат го потврди растот на БДП на еврозоната и ЕУ за првиот...

Еуростат го потврди растот на БДП на еврозоната и ЕУ за првиот квартал

Germany Europe Union Nobel Peace Prize

Зголемената потрошувачка на домаќинствата и поголемиот обем на инвестиции се клучните фактори кои придонесоа за забрзување на економскиот раст во првиот квартал оваа година, покажаа вчера објавените податоци со кои европската служба за статистика Еуростат ја потврди првичната проценка за економскиот раст.

Еуростат потврди дека бруто домашниот производ (БДП) во 19-члената еврозона во периодот јануари-март пораснал за 0,4 проценти на квартално ниво, односно 1,0 проценти на годишно ниво, што е во согласност со пазарните очекувања, јавува агенцијата Ројтерс.

Кога станува збор за 28-члената Европска унија, Еуростат исто така ја потврди претходната проценка за растот на европскиот блок од 0,4 проценти на квартално ниво, и 1,5 проценти на годишно ниво.

Најголемата економија во Европа, Германија во првиот квартал пораснала за 0,3 проценти на квартално ниво, Франција за 0,6 проценти, Италија за 0,3 проценти, а Шпанија за 0,9 проценти, додека економиите на Грција, Естонија, Литванија и Финска регистрирале пад, се наведува во извештајот на Еуростат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП