25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрекин на сообраќајот Куманово-Скопје поради сообраќајка

Прекин на сообраќајот Куманово-Скопје поради сообраќајка

Image (58)

Поради сообраќајна незгода на патниот правец Куманово – Скопје, кај Агино село, сообраќајот за тешки товарни возила и автобуси е во прекин, соопштија од АМСМ.

Имено, на автопатот се превртел шлепер со бугарски регистарски таблички со кој управувал грчки државјанин кој е полесно повреден и се наоѓа во кумановската болница.

Од СВР Куманово, за kumanovonews велат дека нивна екипа врши увид на терен, а сообраќајот е затворен за камиони, додека за автомобилите сообраќајот се одвива непречено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП