19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на холандскиот БДП од два проценти

Раст на холандскиот БДП од два проценти

раст-rast-rast-cenite

Холандската централна банка (DNB) ја зголеми вчера прогнозата за раст на бруто домашниот производ (БДП) за оваа година од 1,2 на рекордни два проценти уште од 2008 година.

„Холандската економија се врати во супериорна брзина“, се наведува во извештајот на DNB.

Благодарение на внатрешната потрошувачка, економијата бележи раст и очекува дека тој до крајот на годината ќе достигне два проценти, што е најголемиот раст од 2008 година“, се вели во соопштението.

Се очекува дека истиот економски раст ќе биде задржан и во текот на 2016-2017 година.

Официјалните прогнози на DNB се сметаат за прилично веродостојни.

Конечните официјални резултати за економскиот раст на Холандија во 2015 година ќе ги објави националниот статистички завод CBS на почетокот на 2016.

Буџетскиот дефицит на Холандија би требало оваа година да биде сведен на 1,6 проценти од БДП за во 2017 година да изнесува само 0,6 проценти.

Јавниот долг во 2017 година би требало да биде намален од 68,9 на 64,9 проценти од БДП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП