29 март, 2024
ПочетнаКОЛУМНИКако функционираат ЕУ фондовите

Како функционираат ЕУ фондовите

ecp

Од каде доаѓаат парите?

ЕУ фондовите претставуваат средства издвоени од буџетот на Унијата. Во креирање на буџетот во најголем дел учествуваат земјите членки на унијата, но во трошењето на овие средства учествуваат и земји кои не се членки, односно земји кои се потенцијални кандидати за членство, во одредени случаеви дури и земји надвор од Европа.Финансиското работење на Европската Унија карактеристично е поради таканаречената ,,повеќегодишна финансиска рамка”, начин на буџетско планирање за период од пет до седум години, во рамките каде се планира и годишната распределба на средствата. Оваков начин на планирање е во употреба од 1988 година, и иако не е детален годишен план, тој ги дефинира основните износи и начинот на кој ќе бидат потрошени средствата. Така, за период 2014-2020 година планирани се расходи во износ од 960 милијарди евра.

Како се трошат ЕУ средствата?

Самото тоа што земјите различно допринесуваат во буџетот, тие исто така на различен начин ги трошат средствата. Па така постојат фондовии програми кои одредени групи на земји можат или неможат да ги користат.

Земји членки на ЕУ

Речиси 80% од износот на средствата за распределба преку фондови се наменети  токму за земјите членки на ЕУ. Некои од тие фондови се Европски фонд за регионален развој, Кохезионен фонд, Европски социјален фонд, Европски земјоделски фонд за рурален развој.

Една од целите на претпристапните средства кои ги добиваат земјите-кандидати и потенцијалните кандидати е во главно припрема за користење на споменатите фондови.

Заеднички програми

Еден од начините на ЕУ за унапредување на соработката помеѓу земјите-членки и кандидати/потенцијални кандидати и на тој начин овие другиве ги приближува до принципите на функционирање на ЕУ кои се нарекуваат ,,Community Action Programs”. Мисијата на овие програми е спроведување на европската политика во различни сектори, тематски области и приоритети, и на тој начин ја зголемува стручноста и конкурентноста на цела Европа, посебно во Европската Унија.

Претпристапни фондови

Средствата кои во моментов ги користи нашата земја и се секако најинтересни се оние од предпристапните механизми, конкретно ИПА програмата. Како што и самото име кажува дека овој фонд е наменет токму за земјите кои се кандидати или потенцијални кандидати за членство во ЕУ.  Со овие пари се финансираат проекти кои ќе влијаат во унапредување и развој на земјите, како би се припремиле подобро за членство во Унијата.

Зошто е сето ова важно?

Овие пари не се решение, но нивната правилна и добро испланирана искористеност може да ги реши дел од проблемите или да ги намали, да ги постигне посакуваните промени и релевантните стратешки цели, и подобрување на општеството во целост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП