20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРВЈУИнтервју со Стевчо Ристески, Директор на Сектор за продажба за деловни корисници...

Интервју со Стевчо Ристески, Директор на Сектор за продажба за деловни корисници во Македонски Телеком

ste

Македонија е расадник на креативни и талентирани луѓе и компании

Македонските развивачи и иноватори ги пријавуваат своите готови М2М (machine 2 machine) решенија од доменот Интернет на нештата („IoT”) на интернационалниот натпревар Business Wall of Fame кој во Македонија за прв пат го носи Македонски Телеком, како дел од групацијата Дојче Телеком. За предизвиците, придобивките и иднината на Македонија на светската мапа на иновации, разговараме со Стевчо Ристески, Директор на Сектор за продажба за деловни корисници во Македонски Телеком и член на жири комисија за избор на најдоброто национално („IoT”)решение.

1.Заврши регистрацијата на учесниците, која траеше до 1 јуни. Кој се можеше да се приjави и што е следно?

Услов беше решенијата да содржат хардвер, софтвер и конективност или поврзување. Учесниците имаа можност да се пријават на локален или на меѓународен натпревар. Пристигнатите решенија првично ги разгледува експертски тим, а потоа тие се објавуваат на веб страницата на проектот. На веб страницата решенијата се ставени на увид на заинтересираната јавност, која гласа по свој избор. Бројот на гласовите, впрочем, одредува дали некое решение ќе се најде во првите петнаесет, кои ќе влезат во трка за финален избор. И, конечно, на финалниот избор му претходи процес на дополнителна евалуација на секое од првите 15 решенија, којашто ќе биде направена од страна жирито и експертскиот тим, и кои на крајот, врз основа на сите параметри, ќе го изберат најдоброто решение.

Што се однесува, пак, на категоријата меѓународен натпревар, процесот на избор на најдобро решение е речиси идентичен, со тоа што конечните евалуации ги прави меѓународно жири составено од членови на сите осум земји учеснички во натпреварот.

2.Какви се вашите очекувања во однос на пријавените решенија, разгледавте ли веќе некое од нив?

Пристигнатите решенија иако не се многу, се многу солидни. Како и на секој ваков сличен предизвик во организација на Македонски Телеком, одново сум импресиониран од фактот дека тука постојат развивачи, програмери и компании чија базична определба е иновативноста и нам ни е исклучително важно да ги вклучиме во овој натпревар, на кој тие можат да придонесат со своите иновативни решенија за понатамошен развој на овој сегмент кај нас. Очекуваме решенијата да станат применливи и со наша содветна поддршка да можат да направат исчекор и на глобалниот пазар.

3.Што може да очекуваат учесниците од овој натпревар?

Решенијата на сите учесници, без разлика на кое место ќе бидат пласирани, ќе можат да се најдат на интернационалната страница на BWoF, каде ќе можат да ги разгледаат и други деловни корисници од другите земји. Компанија чие „IoT“ решение ќе биде прогласено за најдобро ќе освои национална маркетинг кампања во вредност од 30.000 евра и ќе има можност да стане партнер на Македонски Телеком. Mеѓународното решение кое ќе победи, може да стане партнер на Дојче Телеком во сите осум земји и да допре до потенцијални 10,8 милиони бизнис корисници. Ова е одлична прилика учесниците да ги промовираат своите решенија и да ги направат познати на меѓународно ниво, независно дали ќе победат на натпреварот или не.

Stevco

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП