18 април, 2024
ПочетнаДИЕТИДИЕТА: Како јаболките можат да ви помогнат да ослабите?

ДИЕТА: Како јаболките можат да ви помогнат да ослабите?

boximage88888

Доколку ова овошје е едно од вашите омилени, погледнете како мудро можете да го употребите во борбата против килограмите.

Оваа диета подразбира консумирање на едно јаболко пред секој главен оброк. Бидејќи ова овошје е богато со влакна, може лесно да ве засити, а освен тоа што ќе изедете помала количина на храна во текот на оброците, драстично ќе се намали и вашата желба за слатки.

Пожелно е да имате 4-5 помали оброци дневно, базирани на здрава исхрана со малку масти. Секој оброк или ужинка би требало да содржи и протеини бидејќи е докажано дека ваквата комбинција го намалува апетитот и го подобрува губењето на килограмите.

Лицата кои се на оваа диета се советуваат да консумираат доста овошје и зеленчук и така да го намалат вкупниот внес на калории а не да чувствуваат глад.

Пример за мени

Појадок: јаболко, омлет со немасно сирење, шоља варен овес

Претпладневна ужинка: парче немасно сирење, шоља немасен јогурт

Ручек: јаболко, парче пилешки гради на скара, 2 шољи варени брокули, шоља варен ориз

Попладневна ужинка: капучино шејк

Вечера: јаболко, лосос на скара, зелена салата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП