20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ги укинува ограничувањата за инвестиции во странство

Кина ги укинува ограничувањата за инвестиции во странство

kina brendovi

Кинеската влада има намера да направи нов чекор во напорите за олеснување на конвертибилност на јуанот, така што ќе ги укине ограничувањата за странските инвестиции за приватни лица и фирми.

Според извори од официјалните кругови во Државниот совет на Кина во следните неколку недели ќе бидат укинати ограничувањата за да се овозможи на физичките лица и фирмите да остваруваат директни купувања на акции, обврзници и недвижен имот во странство.

Во првата фаза овие инвестиции ќе бидат можни само во некои земји, но програмата ќе се проширува постепено. Според властите во Кина ваквиот потег ќе им овозможи да ги намалат ризиците за економијата во позадина на тековните клучни реформи во земјата.

Ублажување на контролата на капитал е потребно за интернационализација на кинеската валута, сметаат аналитичарите. Тоа ќе им даде на кинеските инвеститори повеќе контрола врз ресурсите, ќе отвори нови можности за компаниите и ќе помогне да се преориентира економијата кон потрошувачкиот сектор и секторот на услугите.

Сепак ублажувањето носи и значителни ризици. Едно зајакнување на одливи од Кина ќе изврши притисок врз јуанот, засилувајќи го повеќе, што негативно ќе влијае на конкурентноста на кинеските компании во странство.

Неодамна заменик-директор на ММФ Дејвид Липтон посочи дека кинескиот јуан веќе не е потценет.

„Додека потценувањето на јуанот беше главен фактор кој предизвикуваат најголемите дисбаланси во минатото, нашата оценка во моментов е дека значителното реално поскапување во последната година го испрати девизниот курс до ниво, при што тој веќе не е потценет“, рече тој.

Пред новинарите во Пекинг по средбата со кинеските власти, како дел од годишните дискусии за економијата на Кина, Липтон истакна дека направи брз напредок кон поголема флексибилност на девизниот курс и да се обиде да се постигне систем на „лебдечки“ девизен курс во рок од две до три години.

„Поголемата флексибилност и ограничените интервенции исто така ќе бидат од клучно значење за спречување на оддалечувањето на девизниот курс од рамнотежата во иднина“, додава заменик-директор на ММФ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП