19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДраматична победа на Монфилс

Драматична победа на Монфилс

Image (4)

Француските тенисери Гаел Монфилс и Жил Симон во пет сета изборија пласман во осмина финалето на Ролан Гарос. За разлика од нив Швајцарците Роџер Федерер и Станислас Вавринка експресно, во три сета, ја минаа третата рунда.

Симон против Никола Мау славеше со 6:2, 6:7, 6:7, 6:3, 6:1 и се избори за осминафинален дуел против Вавринка кој експресно со 6:4, 6:3, 6:2 го победи Стив Џонсон.

Во осминафиналето ќе има уште еден франнцуско-швајцарски дуел Монфилс ќе му се спротивстави на Федерер. Монфилс одигра уште еден драматичен меч и во пет сета славеше над Уругваецот Пабло Куевас (4:6, 7:6, 3:6, 6:4, 6:3), додека Федерер го елиминираше Босанецот Дамир Џумхур со 6:4, 6:3, 6:2.

Од француските тенисери понатаму мина и Жо-Вилфред Цонга кој во три сета го елиминираше Пабло Андухар. Еден сет од Беноа Пер загуби Томаш Бердих.

Со добрите игри продолжува Тејмураз Габашвили кој славеше над Лукаш Росол и во осминафиналето ќе игра против Кеи Нишикори. Јапонецот без борба се пласира во осминафиналето откако Бекер поради повреда се повлече од турнирот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП