25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIntel ја купува Altera за 15 милијарди долари?

Intel ја купува Altera за 15 милијарди долари?

intel altera

„Intel Corp“ е блиску до договор за купување на помалиот производител на чипови „Altera Corp“ за сума од 15 милијарди долари, објави „New York Post“. Последната информација беше за понуда од 13 милијарди долари по таа од 10 милијарди.

Цената на трансакцијата може да достигне до 54 долари по акција, што е за 15% повеќе од цената од 46,97 долари по акција, со која „Altera“ ја заврши на берзата во четвртокот.

„Договорот најверојатно ќе биде завршен до крајот на неделава“, тврди весникот, повикувајќи се на извори кои предупредуваат дека се уште е можно преговорите да пропаднат.

Претходно оваа година „Intel“ потпиша договор за чекање со „Altera“ кој истекува на 1-ви јуни. Ако не се стигне до договорот пред тоа, најголемиот производител на чипови во светот ќе може да упати непријателска понуда кон „Altera“.

Во април малата компанија одби понуда од 54 долари по акција од „Intel“ по долги месеци на преговори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП