29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАFacebook краде од Twitter

Facebook краде од Twitter

fbss

По шминкањето со кое сакаа да ја подигнат својата популарност на повисоко ниво, „Facebook“ изгледа ја заострува војната со другите друштвени мрежи, па така од „Twitter“ ќе ги превземе хаштаговите (клучните зборови),работите по кои тие се познати.

Според некои медиуми „Facebook“ веќе работи на тоа во својот сервис да воведат означување на зборовите со знакот # како и кај конкурентите, со што ќе ви се овозможи да ги групирате разговорите. Се уште не е потврдено до каде се стигнати во развојот на оваа услуга и кога точно ќе биде претставена.

Хаштагот на „Twitter“ служи да се означуваат заедничките теми или разговори, како што е #олимпијада, #кошарка, #филм и друго. Наводно и кај „Facebook“ тестираат да тргнат по истиот пат кој се користи кај „Twitter“, а „Instagram“ кој го купија минатата година веќе користи вакво означување на клучните зборови со што полесно се сортираат фотографиите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП