25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарската економија ослаби во првиот квартал

Швајцарската економија ослаби во првиот квартал

shvajcarija53v454gr

Швајцарската економија ослаби во првиот квартал, покажуваат денес објавените податоци, а големата јавна потрошувачка го ублажи негативниот тренд, кој е инициран со одлуката на централната банка да не ја ограничува вредноста на франкот во однос на еврото.

Домашниот производ во првиот квартал е намален за 0,2 проценти во споредба со истиот период претходната година.

Аналитичарите во анкетата на Ројтерс очекуваа пад од 0,1 проценти.

Ова е прв квартален извештај за домашниот производ од кога Швајцарската национална банка на 15. јануари го укина ограничувањето на курсот од 1,2 франци за едно евро.

По оваа одлука, франкот нагло зајакна на меѓународниот пазар на валути, што им создаде проблеми на швајцарските извозници, кои се двигатели на домашната економија.

Швајцарскиот извоз ослаби во месец април, а дури три четвртини од извозниците забележаа голем пад на приходите.

Нарачките од швајцарската индустрија, кои се индикатори за идното индустриско производство, се намалени за пет проценти во првиот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП