19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуското министерство ги подобри прогнозите на економскиот раст

Руското министерство ги подобри прогнозите на економскиот раст

ekonomija rast 335

Руското министерство за финансии ги подобри прогнозите за економскиот раст во периодот до 2018-та година, кој би требало да се потпира на стабилизирањето на цените на нафтата.

Според новите прогнози, активностите во руската економија во 2015-та година би требало да се намалат 2,8 отсто, во однос на досега прогнозираниот пад од над 3 процента. Прогнозата се темели на претпоставката за просечната цена на уралската нафта во оваа година од 50 долари за нафта. Со тоа се потврдени важечките прогнози на цената на нафтата којашто министерот Алексеј Улукаев ја оцени како „конзервативно“. Со уралската нафта во моментов се тргува по цена од близу 60 долари за барел, што е малку пониско од цената на барелот за лондонскиот пазар.

Следната 2016 година, според новите процени, руската економија би требало повторно да забележи раст, и тоа од 2,3 отсто, а истата стапка на раст би требало да биде забележана и во 2017-та, и благо за забрза во 2018-та година, на 2,4 отсто, со опоравување на цените на нафтата во истиот период до 70 долари за барел.

Руските функционери неодамна дадоа оптимистичка слика за економските изгледи, но лошите податоци од април покажуваат дека Русија и натаму трпи значителна штета поради минатогодишниот пад на цените на нафтата и западните санкции поради украинската криза.

Инфлацијата на крајот од годинава би требало да изнесува меѓу 11,6 и 11,9 отсто, и да се лизне на 7 проценти во 2016-та, и на 6,3 отсто во 2017-та. Во 2018, година, пак, дополнително би требало да ослаби на 5,2 отсто, според процените на министерството.

Просечниот курс на рубљата во однос на американскиот долар е проценет на 60 рубљи за долар, а до 2018-та рубљата би требало да зајакне со процена на курсот до 53,2 рубљи за долар. Во четвртокот на средина од тргувањето курсот на рубљата беше 52,02 рубљи за долар, и 56,27 рубљи за евро.

Покрај „неутралното“ сценарио, министерството го објави и „оптимистичкото“ коешто претпоставува повисоки цени на уралската нафта, во просек од 60 долари за барел во оваа година, и нивен раст до 90 долари до 2018-та година. Во таквите околности, економските активности годинава би се намалиле за 2,5 отсто, по што би следело посилно заздравување, пресметале во руското министерство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП