29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата во пораст по падот на доларот

Цената на нафтата во пораст по падот на доларот

nafta 02

Цената на нафтата закрепна на светските берзи по дводневниот пад, благодарение на ослабнатиот курс на доларот што го направи „црното злато“ поевтино за оние кои поседуваат други валути.

На лондонската берза цената на барелот порасна 65 центи во однос на претходното затворање, на 62,71 долар, а на америкаснакта берза со барелот се тргува по 30 центи повисока цена, од 57,81 долари.

Доларот порасна над четири отсто кон кошничката валути во последните десет дена, што ја спушти цената на нафтата од највисоките нивоа за последните пет месеци. Но, растот на курсот на доларот застана во четвртокот, со што зајакна купувањето на нафта, истакнуваат аналитичарите.

„Многу работи зависат од америкаснкиот долар. Доколку доларот го продолжи својот раст, цената на нафтата веројатно повторно ќе ги тестира новите ниски нивоа“, рече Карстен Фрич од франкфуртска Commerzbank.

Инвеститорите ги очекуваат податоците на американската влада за состојбата на залихите, за да проценат во која мера тамошното производство реагира на неодамнешниот бран на пораст на цените.

Американскиот институт за нафта во средата објави податоци според кои американските злаихи на сирова нафта пораснале за 1,3 милиони барели во минатата недела, откако три недели по ред имаше пад. Доколку овие податоци бидат потврдени и од американската влада, тоа би можело да значи почеток на закрепнување на американското производство на нафта од шкрилци, по период на пад, што би ја притиснало цената на нафтата на меѓународните берзи.

Аналитичарите во анкетата на Reuters проценија дека во минатата недела залихите на сирова нафта во САД веројатно се намалија за 900.000 барели, четврта недела по ред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП