20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВознијацки елиминирана од Ролан Гарос

Вознијацки елиминирана од Ролан Гарос

cw rgaros

Некогаш најдобрата светска тенисерка, Каролин Вознијацки, настапот на Ролан Гарос го заврши во второто коло. Данската тенисерка загуби од Германката Јулија Гергес со 4:6, 6:7.

Вознијацки која на Ролан Гарос беше петта носителка против Гергес имаше проблеми со својот сервис, поради што Германката пет пати и го одзеде сервисот. Гергес е 72-ра на ВТА листата, таа против забележа 39 директни поени, а Вознијацки имаше 16.

Гергес во третото коло ќе игра против Американката Ирина Фалкони која со 2:1 ја совлада Сесил Каратанчева.

Проблеми во второто коло имаа уште три носителки, но тие со пресврт стигнаа до третата рунда.

Андреа Петковиќ славеше над Лудрес Домингес-Лино (4:6, 6:4, 6:4), Сара Ерани ја победи Карина Витефт (6.3, 4:6, 6:2), додека Петра Квитова ја елиминираше Силвија Солер-Еспиноза (6.7, 6:4, 6:2).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП