29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКомерсант: Македонија на патот на гасоводот `Турски тек`

Комерсант: Македонија на патот на гасоводот `Турски тек`

Image

Шансите за реализација на гасоводот „Турски тек“ стануваат сè помали откако беше соопштено дека Македонија ќе учествува во гасоводот дури кога за проектот ќе се договорат Русија и ЕУ, пишува московскиот дневник Комерсант.

Весникот наведува дека проектот „Турски тек“ во сегашниот облик не може да ја заобиколи Македонија, а Македонија за тоа мора да има одобрување од ЕУ, потсетувајќи на изјавата од македонскиот премиер Никола Груевски дека Македонија ќе учествува во гасоводот дури тогаш кога за проектот ќе се договорат Русија и ЕУ.

„Малата земја, чие мислење за гасоводот досега никого не го интересираше, може да ја одигра истата улога како и Бугарија за „Јужен тек“. Токму замрзнувањето на изградбата беше последната капка која го имаше за последица откажувањето на проектот“, пишува Комерсант.

Весникот укажува дека изјавата на македонскиот премиер имаат и делимично политичка позадина, дека во последно време состојбата во земјата се заострила и дека опозицијата на чело со Зоран Заев се обидува да ја собори владата.

Алексеј Гривач од Фондот за национална енергетска безбедност за Комерсант изјавил дека Русија теоретски може да ја заобиколи Македонија доколку го постави гасоводот веднаш од Грција во јужна Италија, или, пак, го искористи проектот Истринг за испорака на гас до Баумгартен. Но, според Гривач тоа е доста сложена можност, пренесува весникот.

„Во таа состојба, сите извори на Комерсант се сомневаат дека „Турски тек“ воопшто ќе има копнен дел надвор од Турција. Поголем дел од соговорниците од гасниот пазар, како во Европа така и во Русија, смета дека Гаспром во најдобар случај ќе се реши за поставување на два крака од гасоводот низ Црното море“, пишува Комерсант.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП