19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВкупниот долг на Хрватска 36,5 милијарди евра

Вкупниот долг на Хрватска 36,5 милијарди евра

zagreb12

Вкупниот долг на Хрватска на крајот на јануари изнесувал 36,5 милијарди евра, што е повеќе за 3,9 проценти отколку во истиот период минатата година, покажуваат податоците на Хрватската народна банка.

Речиси 60 проценти или 22 милијарди евра се однесуваат на внатрешниот јавен долг, кој во извештајниот период е зголемен за 6,9 проценти.

Остатокот од 14,5 милијарди евра претставува долг кон странските доверители, јавуваат хрватските медиуми.

Кога станува збор за инструментите за задолжувања, на крајот на јануари 52,3 проценти од вкупниот јавен долг се однесуваа на задолжување на државата преку долгорочни хартии од вредност.

Според проекциите на Хрватската народна банка, долгот во оваа година би можел да достигне 90 проценти од бруто домашниот производ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП