23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Etihad се зголеми за 50 oтсто

Профитот на Etihad се зголеми за 50 oтсто

Etihad-Branding-Reflection

Авио-компанијата од Обединетите Арапски Емирати, „Etihad Airways“ минатата година евидентираше скок на нето профитот од 52,1 отсто или од 48 милиони во 2013-та на 73 милиони, пред се благодарејќи на растот на бројот на патници и ширењето на европскиот пазар.

Од „Etihad“ наведуваат дека приходите истовремено пораснале за 26,7 проценти или на 7,6 милијарди долари, а бројот на патници порасна за 22,3 посто или на 14,8 од 12,1 милиони, пренесуваат агенциите.

Компанијата во јуни минатата година купи 49 проценти од италијанскиот превозник „Alitalia“, проширувајќи го своето присуство на европскиот пазар.

Основана во 2003-та, „Etihad“ забрзано се шири и досега купи малцински удел во неколку помали авио-компании во светот, вклучувајќи 29 oтсто во „Аir Berlin“, 40 проценти во „Air Seychelles“, 19,9 посто во „Virgin Australia“ и три проценти во „Aer Lingus“. „Etihad“ исто така има 24 отсто акции во индиски „Jet Airways“ и 49 проценти во „Аir Sеrbiа“.

Заедно со авио-компаниите „Emirates“ од Дубаи и „Qatar Airways“ од Катар, „Etihad“ го засилува уделот на блискоисточни компании во трансконтиненталните патувања. Европските и северноамериканските авио-превозници се жалат поради брзата експанзија на компаниите од Блискиот исток, обвинувајќи ги дека добиваат државни субвенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП