25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзбрани 13те најдобри бизниси во Европа

Избрани 13те најдобри бизниси во Европа

sed

13те најдобри компании во Европа прославуваат откако беа именувани за победници на Европските Бизнис Награди, спонзорирани од РСМ, на ексклузивната церемонија за доделување на награди во Лондон на 26.05.2015 година која беше посетена од водечки лидери во бизнис светот, политичари, амбасадори и академици од цела Европа – информираат од ревизорското друштво Ценсум, член на РСМ Интернационал за Македонија.

Бизнисите – победници го постигнаа својот успех по 16 месечното натпреварување во еден од најтешките бизнис натпревари во Европа кој оваа година привлече преку 24,000 бизниси и генерираше преку 170,000 гласови на јавноста. Претставниците од бизнисот ги презентираа пехарите во 11 категории на натпреварот, „Шампионот на Европската јавност“ и добитникот на наградата за животно достугнување.

Jean Stephens, извршниот директор на РСМ, 7ма најголема мрежа на независни ревизорски комании и компании за даноци и советување, изјави: „Нивото на овогодинешните финалисти во натпреварот е извонредно. Извонредното претприемништво, иновација и професионален успех покажани преку Ruban d’Honneurs и севкупните победници покажуваат колку може да се постигне во предизвикувачки услови на пазарот. Во РСМ веруваме дека е важно да е промовира извонредност во деловното работење бидејќи успешни и напредни компании се составен дел од силата што го поттикнува растот и ја стимулира економијата. Сите оние кои што се вклучени во тој процес се гордост за својата земја и им посакуваме успех во иднината.“

Победниците од 11 категории поминаа низ процес на писмени поднесоци, судење преку видео-запис и лице в лице интервјуа и влегоа во потесниот избор како едни од 907 Национални Шампиони на 110 Ruban d’Honneur  добитници на награди пред да стигнат во последната фаза на финалето.

Во натпреварот од 2014/15 година, беа претставени сите ЕУ пазари плус Турција, Норвешка, Швајцарија, Србија, Хрватска и Македонија, a една македонска компанија – Комфи-Ангел ДОО Прилеп се пласираше како финалист и добитник на Ruban d’Honneur наградата за 2014/2015 година.

За понатамошни информации за влез во натпреварот на Европските Бизнис Награди, победници за 2015 и за преземање на сликите од настанот, посетете ја веб-страницата www.businessawardseurope.com или контактирајте со Војдан Јорданов на [email protected]

ПОБЕДНИЦИТЕ ЗА 2014/2015 ГОДИНА

koko

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП