19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАAP: Голем политички пресврт на Србија, ќе ја намали зависноста од рускиот...

AP: Голем политички пресврт на Србија, ќе ја намали зависноста од рускиот гас

gasssss

Србија ќе ја прифати сугестијата од САД да ја намaли зависноста од рускиот гас, така што ќе му се придружи на гасоводот кој има американска поддршка, изјавил српскиот премиер Александар Вучиќ, пренесуваат српските медиуми.

Како што напоменал српскиот премиер, се работи за гасоводот кој ќе спроведува гас од Азербејџан во Европа. Во интервју за американската агенција AP, дадено за време на посетата на Тирана, Вучиќ навел дека Србија по прашањето за енергетската безбедност е подготвена да користи гас од повеќе извори, бидејќи како што потенцирал, „тоа е важно и за американските пријатели на Србија исто така“.

Како што наведува AP, САД веќе извесно време работи на тоа да ги поттикне балканските земји да се свртат кон алтернативните извори на гас, пред да почнат да се надеваат на изградбата на гасоводот кој преку Турција би донел руски гас на Балканот.

Американската агенција, преку објавувањето на првиот цитат од интервјуто со Вучиќ, навела дека поддршката за гасоводот под покровителството на САД претставува голем политички пресврт на Србија, која е традиционален сојузник на Русија.

„Западот ја обвинува Русија дека го користи гасот како средство за политичко влијание врз земјите кои се, како на пример Србија, енергетски зависни од рускиот гас“, пишува AP.

Вучиќ и американскиот потпретседател Џозеф Бајден на почетокот на февруари имаа средба на маргините на безбедносната конференција во Минхен, каде според пишувањата на медиумите, Бајден на Вучиќ му понудил алтернативи за сега веќе пропаднатиот проект „Јужен тек“.

Како што наведуваат медиумите, тогаш биле претставени две нови можности за снабдување со гас, од САД или пак од Азербејџан. Во српската јавност по овие објави се полемизираше околу потенцијалната цена за едно сценарио. Инаку Вучиќ наскоро ќе има и официјална посета на САД, каде ќе претстојува од почетокот на јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП