23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple подготвува директен конкурент на Google Now

Apple подготвува директен конкурент на Google Now

proaktiv 3053333

„Apple“ развива нова апликација која ќе е директен конкурент на гласовниот асистент „Google Now“. Таа има кодно име „Proactive“ и се развива од компанијата веќе неколку години, соопштува интернет изданието „9to5mac“.

„Proactive“ ќе комбинира неколку апликации на „iOS“, вклучувајќи ги „Siri“, „Contacts“, „Passbook“ и „Calendar“, како и апликации на надворешни програмери. Асистентот ќе обезбедува информации на корисникот според соодветниот контекст и ќе се согласи со неговите навики. Истовремено „Proactive“ ќе ги почитува и прилагодувањата за приватност на корисникот, така што нема да ги следи и анализира информации за која корисникот не дал дозвола.

Методот на работа на „Proactive“ е сличен со оној на „Spotlight“, кој може да прикажува резултати од „Wikipedia“. Целта е да се намали зависноста на „Apple“ од „Google“. „Proactive“ ќе го замени „Spotlight“ и ќе е длабоко интегриран во „iOS“. Ова ќе им овозможи и промени на интерфејсот. Ако на пример корисникот отвора апликацијата на „Facebook“ секое утро во одредено време, копчето за апликацијата ќе се прикажува на видно и погодно место.

Во случај корисникот секогаш да бира ист број во исто време, на пример секој вторник навечер, копчето за таа цел ќе се појави во тоа време. Кога наближува времето за лет, на екранот ќе се прикаже „балонче“ со информации за него. Сето ова ќе ги надградува досегашните можности на апликациите и „Siri“.

Засега останува непознато дали „Proactive“ ќе биде дел од „iOS 9“. Раководството на компанијата се уште не е убедена дека проектот ќе биде подготвен навреме за платформата, која ќе биде претставена за околу две недели, но ќе почне да се нуди за потрошувачите дури есента.

Постои можност „Apple“ да го одложи претставувањето на „Proactive“ за подоцнежна фаза, а засега да се концентрира на подобрување на квалитетот на веќе достапните функции и услуги во „iOS 9“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП