24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMcDonald’s нема повеќе да дава месечни резултати за продажбата

McDonald’s нема повеќе да дава месечни резултати за продажбата

mcdonaldsdkl4309ty54ujyhop45j[ohyj4[6pjhu

Американскиот ланец за брза храна „McDonald’s“ соочен со пад на продажбата, одлучи повеќе да не ги објавува месечните резултати за продажбата, според моделот на одделни комапнии.

Досега, најголемиот светски ланец за брзa храна секој месец објавуваше податоци за продажбата, известувајќи ги така инвеститорите и пазарот за финансиската ситуација во компанијата.

Според месечните резултати на работењето во последно време би можело да се заклучи дека компанијата се соочува со голем проблем да привлече потрошувачи пред се во САД, најголемиот пазар на „McDonald’s“, пренесува агенцијата АФП.

„Со цел да се сконцентрираме на нашата стратегија, долгорочните мерки кои ги преземаме, одлучивме да престанеме да објавуваме месечни резултати за продажбата со почеток од 1 јули“, изјави вчера генералниот директор Стив Истбрук.

Од сега па натаму „McDonald’s“ ќе објавува квартални резултати за работењето, додаде тој.

Во првиот квартал оваа година продажбата во рестораните на „McDonald’s“ опадна за 2,3 проценти, а во април на месечно ниво 0,6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП