29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВо Кавадарци самостојна изложба на тројца реномирани македонски ликовни уметници

Во Кавадарци самостојна изложба на тројца реномирани македонски ликовни уметници

slikia kvadarcirwr

Денеска со почеток во 20 часот во Музеј галерија Кавадарци, самостојна изложба ќе имаат тројца реномирани македонски ликовни уметници.

Горан Боев, еден од најактивните млади македонски автори во последнава деценија, Ива Јосифова која од неодамна е избрана и за председател на друштвото на ликовни уметници на Кавадарци и графичарот Трајче Јованов.

Сите се кавадарчани, кои ја продолжуваат традицијата, да од овој град излегуваат еминентни и признати ликовни уметници, кои оставаат трага во македонската уметност.

Сите тројца автори се изразуваат на ист медиум, на хартија иако секој одделно работи и се претставува со различна техники.

На изложбата Горан Боев ќе претстави пред публиката голем број на акварели, насликани за време на неговиот работен престој во Париз, Франција, дела кои за првпат ќе бидат изложени пред македонската јавност.

Ива Апостолова ќе изложува дела работени на рачно изработена хартија, а се служи и со кора од дрво, што претставува комплицирана техника, која и ретко се применува, а што ги прави делата различни и интересни за публиката. Трајче Јованов ќе ги претстави своите најнови графики, работени на хартија, а кои во својот фокус ја имаат оптичката уметност, и новите трендови во уметноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП