16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГодишната добивка на Wizz Air забележа раст од 67 проценти

Годишната добивка на Wizz Air забележа раст од 67 проценти

wizzko02

Годишната добивка на источно-европската нискотарифна авиокомпанија „Wizz Air“ забележа раст од 67%, пренесува „Ројтерс“. Раководството изразува уверување дека профитот ќе расте и во 2015-та година, бидејќи компанијата продолжува да го проширува својот капацитет.

Нето добивката за фискалната 2014-та година, завршена на 31-ви март 2015-та година, изнесува 146 милиони евра спрема заработените 87 милиони евра една година порано, открива првиот финансиски извештај на„ Wizz Air“.

За финансиската 2016-та година друштвото кое беше основано пред 11 години од мала група директори на унгарски авиокомпании и што стана јавно во февруари оваа година, очекува добивка по оданочување во интервалот од 165 до 175 милиони евра.

Растот на годишната добивка се должи на експанзијата во регионот на Централна и Источна Европа и на активностите за намалување на трошоците. Истиот пристап ќе помогне на „Wizz Air“ да заработи повеќе и во оваа година.

Минатата година „Wizz“ превезе 16,5 милиони патници во однос на 91 милиони за најголемата нискотарифна авиокомпанија во Европа, „Ryanair“.

Авиокомпанијата не очекува пониските цени на горивата да се одразат на финансиските резултати, бидејќи може да дојде до минимално намалување на авионските билети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП