29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Јас, Тито и Мики Маус” на српски јазик

„Јас, Тито и Мики Маус” на српски јазик

knigi 222

Романот „Јас, Тито и мики Маус“ на истакнатиот македонски писател Блаже Миневски во превод на Лилјана Стеиќ го објави реномираниот српски издавач Арка.

Во издание на реномираниот српски издавач Арка од Смедерево, во неговата култна истоимена библиотека и во извонреден превод на истакнатата српска поетеса, есеистка и преведвучка Лилјана Стеиќ се појави романот „Јас, Тито и Мики Маус” од истакнатиот македонски писател Блаже Миневски.

Ова е втор негов роман во оваа библиотека. Пред тоа Арка го објави и романот Нишан, кој наиде на извонреден прием и кај литературната критика (која Миневски го вброи меѓу врвните имиња на светската романескна книжевност) и кај читателската публика.

Во препораката на овој роман, академикот Ристо Василевски меѓу другото пишува: „Романот „Јас, Тито и Мики Маус“ е единствен, не само во современата македонска литература. Во него на мошне луциден, сатиричен и црно-хуморен начин се преплетуваат асоцијации на многу нешта од општата состојба, која е всушност општа болест на современото општество и на времето во кое живееме. Глобусот на светот е обесен на гранка на некое дрво, одозгора постојано го записнува птичји (?) измет, и за да се пронајде нешто на него, тоа место мора да се ослободи од тој измет, обично со нож…

Романот „Јас,Тито и Мики Маус“ изобилува со иронија, со филигрански обработени детали и со извајани ликови кои ја мешаат фикцијата и стварноста, но на чуден начин ја задржуваат својата автентичност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП