20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГруевски и Поповски учествуваат на Виенски економски форум во Тирана

Груевски и Поповски учествуваат на Виенски економски форум во Тирана

гругру

Премиерот Никола Груевски заедно со министерот за надворешни работи Никола Попоски учествуваат на сесијата на Виенскиот економски форум, која се одржува во Тирана.

На Форумот, освен македонскиот премиер Груевски, ќе учествуваат шефови на влади и претставници на извршната власт од осум други земји, меѓу кои се премиерот на земјата домаќин Албанија Еди Рама, премиерите на Србија Александар Вучиќ, на Косово Иса Мустафа, на Црна Гора Мило Ѓукановиќ и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ.

Темата на актуелниот Виенски економски форум е „Од Берлин до Виена – враќање на геополитичката сигурност за Западниот Балкан”.

Груевски ќе има обраќање на Форумот во кое се очекува да говори за стратешките цели и интереси на државата, иницијативите за јакнење на односите и меѓусебната соработка на државите, како и за напорите за зацврстување на економијата како сигурен начин за напредок и остварување на зацртаните цели.

Виенскиот економски форум е формиран во 2004та година како форма на соработка иницирана и поддржана од австриската Влада за промоција на економската соработка и инвестициите, како и јакнење на односите и врските меѓу Европа и земјите од западен Балкан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП