29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДали JP Morgan ја прикрива загубата?

Дали JP Morgan ја прикрива загубата?

jp1

Комисијата на Американскиот Сенат ја обвини банката „JP Morgan“ за прикривање на огромни трговски загуби.

Банката минатата година загуби 6,2 милијарди долари поради трговската измама на вработениот Бруно Иксила, со прекар Лондонски кит. Овој прекар одговара на ситуацијата која ја создаде тој, бидејќи неговите трансакции беа толку големи така што влијаеа на движењето на глобалниот пазар. Комисијата открила дека банката ги лажела инвеститорите и ги игнорирала ризиците.

Од „JP Morgan“ изјавија дека администрацијата дејствувала и работелa со „добра волја“ и дека „немала намера никого да излаже“.

Според извештајот на Сенатот, некои високи претставници на банката, вклучувајќи го и извршниот директор Џејми Димон, биле запознаени со загубите, но ги минимизирале ризиците во јавноста, а истовремено ги обвинувале регулаторите поради пропустите кои и дозволиле на банката да се изложи на толку големи ризици.

„Банката прокоцкала милијарди долари низ ризични и егзотични трансакции, а потоа ја прикрила загубата од инвеститорите и јавноста, со што целосно ја игнорирала процедурата за управување со ризици и регулаторните правила“, изјави сенаторот Џон Мекејн.

Комисијата во текот на наредните денови деталнo ќе истражува и ќе ги испрашува високите претставници на банка и регулаторите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП