19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАвтомобили кои се дело на неавтомобилски компании (фото)

Автомобили кои се дело на неавтомобилски компании (фото)

kecap 00

Производител на кечап и пластичен хирируг се меѓу креаторите на овие машини. Летечките автомобили веќе се реалност, како и автономните машини.

Тие сепак се дело на компании кои во принцип произведуваат сосема различни производи. Овој пат ќе се обидеме да собереме на едно место 10 компании кои иако не се занимаваат со тоа, тие направија стандардни автомобили.

„Samsung“

kecap 01

Корејскиот производител на електроника успешно ги продава едни од најдобрите паметни телефони и телевизори, но има и автомобилска единица која од 2000-та година е во сопственост на „Renault“. Нивните возила се пласираат најмногу на пазарите во Јужна Кореја и Чиле.

Општо земено „Samsung“ ги користи високите технологии во обидот за правење на успешни автомобили, а некои од нив дури се продаваат во Европа, на пример „Renault Latitude“.

„Matra“

kecap 02

Компанијата е позната по вселенските истражувања и воените одбранбени технологии. Таа е специјализирана во развој на лансирниње на летала и проектили, но во 1962-ра година го купува малиот француски производител на автомобили и соодветно произведува неколку импресивни спортски автомобили, траилери и тркачки болиди.

Најуспешниот производ на „Matra“ е болид од Формула 1, кој е опремен со мотор „Cosworth“. Оваа машина станува светски шампион во Формула 1 во 1969-та година, а заработи и титулата кај конструкторите.

„Swatch“

kecap 03

Производителот на часовници е популарен во целиот свет, но малкумина знаат дека „Smart“ всушност значи „Swatch Mercedes ART“ (уметнички автомобил, заеднички проект на „Swatch“ и „Mercedes“).

Оригиналниот „Smart“ е нацртан од експертите на „Swatch“ и произведен од компанијата „Mercedes-Benz“. Ова се остварува по потпишувањето на договор за партнерство меѓу двата производители. Неверојатно е дека „Smart“ требало да се произведува од „Volkswagen“, но шефот на концернот во тоа време – Фердинанд Пиех го отфрла проектот.

„ИжМаш“/концерн „Калашников“

kecap 04

Производителот на автомобили „ИжАвто“ првично е поделба на компанијата „ИжМаш“, позната по својот автомат „АК-47“. Дури во 1996-та година двете компании се поделија, а најпознатите производи на „ИжАвто“ се моделите „Комби“ и „Камбулк“ во чија основа е „Москвич“.

Во моментов, компанијата исто така се занимава со производство на автомобили. Во нејзиното фабрика се составуваат автомобили по лиценци на „Kia“ и „Lada“.

„Messerschmitt“

kecap 05

Концернот е познат по авионите од времето на Втората светска војна и како другите производители на воена опрема, тие се насочуваат кон автомобилите.

Најпопуларниот модел е „Kabinroller“, а тој е и меѓу најинтересните автомобили во повоена Германија. Кај него јасно се гледа воздухопловниот ракопис на производителот.

„Voisin“

kecap 06

Уште еден познат производител на авиони. Тоа е една од првите воздухопловни компании во светот, а е создадена од пионерот во оваа област – конструкторот Габриел Вуазен.

По Првата светска војна „Voisin“ се преориентира од производство на авиони кон автомобили. И нема како да се одрече дека нивниот дизајн всушност е доста интересен.

„Google“

kecap 07

Најпопуларниот пребарувач на интернет исто така, иднината ја гледа во автономните автомобили. Првично беа користени модели на „Toyota“ и „Lexus“, но веќе на патиштата во САД се движат автономни возила со брендот „Google“. Тие немаат ниту педали ниту волан.

„Nike“

kecap 08

Еден од најголемите производители во светот на спортска опрема и патики. Ова сепак не го спречи концернот да го претстави „Nike One“ – концептуален високоефективен автомобил кој потсетува на вселенско возило и развива 370 км/ч.

Во моментов во лабораториите на „Nike“ активно се работи на создавање и производство на генератор, кој ќе ја напојува машината. Нејзината појава е планирана за 2022-ра година.

„Heinz“

kecap 09

Познатата со своите кечапи, компанија создаде еден од најимпресивните концептот на XX-тиот век – „Phantom Corsair“. Неговиот дизајн е дело на Раст Хајнц, кој во 30-тите години на минатиот век решава да наслика прототип и потоа да го претвори во целосен автомобил. Татко му – Хенри Џон Хајнц-Виш, одбива да финансира таков проект и Раст се свртува кон својата тетка.

Таа го прифатила барањето на својот сакан внук и во 1938-ма година „Phantom Corsair“ се појавува на виделина. Машината импресионира најмногу со аеродинамиката и со некои други интересни технички детали, но не дојде до масовно производство.

„Youabian Puma“

kecap 10

Овој автомобил е создаден од пластичен хирург од Лос Анџелес. Развојот на автомобилот одзел повеќе од 7 години, а крајната цена е 1,1 милиони долари.

„Youabian Puma“ е опремен со 7,0-литарски „V8“ мотор од „Corvette“, нудејќи забрзување од 0 до 100 км/ч за 5,9 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП