28 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба „Накитот од Македонија низ вековите“ во македонскиот КИЦ во Софија

Изложба „Накитот од Македонија низ вековите“ во македонскиот КИЦ во Софија

nakitot e00

НУ Археолошкиот музеј на Македонија во рамки на годишната програма , а по повод десетгодишниот јубилеј на Културно информативниот центар на Р. Македонија во Софија, ќе биде централен учесник со поставувањето на изложбата „Накитот од Македонија низ вековите“.

За таа цел тимот од музејот заедно со директорката Весела Честоева заминаа во Бугарија каде што изложбата свечено ќе биде отворена на 28 мај (Четврток) со почеток во 18.30 часот.

Проектот ќе се реализира со поддршка на Министерството за култура, а изложбениот концепт е замислен како репрезентативна илустрација на еволутивниот развој на накитот пронајден на тлото на Р. Македонија со археолошките ископувања вршени седумдесет години наназад.

„Презентираните копии од атрактивни артефакти со непроценлива културна и историска вредност претставуваат сведоштво за културниот идентитет на популациите кои егзистирале на овој простор од неолитот до средниот век“, изјави Честоева.

Изложбата ќе биде затворена на 10-ти јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП