19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА: Црвен картон за ФИФА

УЕФА: Црвен картон за ФИФА

уефа

Извршниот комитет на Европската фудбалска унија (УЕФА) упати жестоки критики до ФИФА поради тоа што ја уништила репутацијата на фудбалската игра, откако во средата швајцарската полиција уапси шестмина високи функционери на ФИФА.

Поради корупција и примање на поткуп во наредните 25 години, швајцарската полиција уапси вкупно 14 лица, меѓу кои покрај челници на ФИФА се наоѓаат и лица од две компании.

Апсењата се случија на два дена пред одржувањето на конгресот на ФИФА на кој актуелниот претседател Сеп Блатер се кандидираше за петтиот мандат. Поради скандалот од УЕФА бараат конгресот да биде одложен, а доколку тоа не се случи од Европската куќа на фудбалот најавија бојкот на истиот.

„Се она што се случи во средата е катастрофа за ФИФА бидејќи се уништува глобалната слика за фудбалот. УЕФА е шокирана и разочарана. Ова уште еднаш покажа дека корупцијата е длабоко вкоренета во културата на ФИФА. Потребно е некој да притисне ‘ресет’ на целиот тој систем и да бидат спроведени целосни реформи“, се ситакнува во соопштението на ФИФА.

„Престојниот Конгрес најверојатно ќе се претвори во фарса и поради тоа УЕФА внимателно ја разгледува можноста да не учествува, бидејќи овој систем, доколку не биде стопиран ќе го уништи фудбалот. Членките на УЕФА в четврток ќе одлучуваат за понатамошните чекори како би ја заштитиле фудбалската игра. Членовите на Извршниот комитет на УЕФА се уверени дека Конгресот на ФИФА треба да биде одложен, а новите избори да бидат организаирани во рок од шест месеци“, се вели во соопштението на УЕФА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП