24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на индустриското производство по 19-месечен раст

Пад на индустриското производство по 19-месечен раст

industrisko proizvodstvo

Индексот на индустриското производство во Македонија во април бележи намалување од 0,9 отсто на годишно ниво, соопшти во средата Државниот завод за статистика.

Со ова е прекината позитивната низа на континуиран раст на индустриското производство од 19 месеци. Последен пат индустриското производство во Македонија забележало пад во август 2013-та година.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април 2015 година бележи опаѓање од 5,3 отсто во однос на истиот месец лани, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1,1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 10,1 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во април 2015 година, бележи пораст кај Енергија за 5,9 отсто, Капитални производи за 9,0 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 8,9 отсто, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,7 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,7 отсто.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – април 2015 година, во однос на истиот период од лани бележи пораст од 0,8 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП