25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната плата во март 21.402 денари

Просечната плата во март 21.402 денари

prosecna-plataadrse4w4343

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2015, изнесува 21 402 денари, што претставува зголемување од 1,9 отсто на годишно ниво, објави на Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (9,4%), Други услужни дејности (7,1%) и Дејности на здравствена и социјална заштита (5,5%).

На месечно ниво просечната плата во македонија е зголемена за 298 денари, пресметале статистичарите.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (15,6%), Земјоделство, шумарство и рибарство (6,8%) иТрговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (6,2%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2015 изнесува 31 455 денари. Во овој месец плата не примиле, 1,1 отсто од вработените во Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП