29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПроверен и евтин начин за избелување на забите

Проверен и евтин начин за избелување на забите

Zubi-osmeh

Оние кои пробале велат дека е ефикасен…

Активниот јаглен може да го купите во повеќето аптеки и воопшто не е скап. Има благо абразивно дејство, така што вашите заби ќе бидат бели по само неколку чистења. Тоа што е најважно е дека нема да ја оштетите глеѓта или непцата.

Издробете две таблети активен јаглен и измешајте ги со неколку капки вода. Со добиената смеса намачкајте ја четката за заби и тријте ги забите околу 2-3 минути. Исплакнете ја устата и повторете ја постапката.

Активниот јаглен нема вкус, а единствена непријатност во врска со ова метода е тоа што пред плакнење на устата вашите заби ќе бидат црни од јагленот.

Но, не грижете се црната боја веднаш ќе ја отстраните со пастата за заби, така што по оваа постапка ќе си ги измиете забите неколку пати со пастата која ја употребувате секојдневно.

Оваа метода можете да ја применувате еднаш неделно, а оние кои редовно ја употребуваат велат дека нивните заби се побели за две, три нијанси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП