23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТоп-верзијата Jeep Grand Cherokee SRT ќе добие 707 КС

Топ-верзијата Jeep Grand Cherokee SRT ќе добие 707 КС

srt jeep 3300

Најмоќна верзија на теренецот „Jeep Grand Cherokee SRT“ ќе добие мотор „Hellcat“ со моќност од 707 КС. Кросоверот ќе го добие името „Trackhawk“, објави „Car and Driver“.

Оваа моќ ќе биде генерирана од 6,2-литарски мотор со 8 цилиндри, опремен со компресор. Во моментов овој мотор се наоѓа во „Dodge Challenger SRT“, како и на најбрзата верзија на седанот „Charger“. Според првичните податоци агрегатот ќе му овозможи на теренецот да забрзува од 0 до 96 км/ч (60 милји) за помалку од 4 секунди.

Во моментов инженерите на „Jeep“ работат на вештачкото ограничување на максималниот вртежен момент, бидејќи преносот на „Grand Cherokee Trackhawk“ нема како да издржи повеќе од 880 Нм. Се разгледува и опција за откажување од системот 4х4, но таа е помалку веројатна.

Основната верзија на „Jeep Grand Cherokee SRT“ ќе го задржи сегашниот 6,4-литарски „V8“ кој развива 475 КС. Кај него забрзувањето од 0 до 96 км/ч трае 4,8 секунди, а максималната брзина е 257 км/ч.

Се очекува „Jeep Grand Cherokee Trackhawk“ да излезе на пазарот во средината на 2016-та година. Според цените на моделот, тој ќе се натпреварува со машини од категоријата на „Range Rover Sport SVR“, „BMW X5 M“ и „Porsche Cayenne“, а ќе стартуваат од 65.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП