24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi SQ7 ќе е послаб, но побрз (фото)

Audi SQ7 ќе е послаб, но побрз (фото)

sq7 model

Најбрзата верзија на новата генерација на „Audi Q7“ ќе се нарекува „SQ7“ и ќе излезе на пазарот во 2016-та година.

Ова го објави изданието „Autocar“, според кое модификација ќе добие послаб мотор од оној на неговиот претходник, но и покрај тоа ќе биде побрз.

За погонот на „SQ7“ ќе одговара 4,0-литарски бензински „V8“ со моќност од 414 КС и 664 Нм вртежен момент. Претходната генерација на „Q7“ во топ верзијата беше опремен со 6,0-литарски „V12“ со моќност од 500 КС и 1000 Нм. Возилото ќе забрзува од 0 до 100 км/ч за 5,5 секунди, но новиот модел ќе биде побрз.

sq7 model1

Подобрата динамика се должи на новата платформа „MLB“, благодарение на која моделот за 325 килограми е полесен од својот претходник. Конкретни податоци недостасуваат, но се очекува забрзувањето од 0 до 100 км/час да трае малку повеќе од пет секунди.

Новиот „Audi Q7“ се нуди на пазарите со избор од 3 мотори – 3.0-литарски бензински „V6“ со моќност од 333 КС, и два дизели 3.0-литарски, исто „V6“, но кај нив моќноста е 218 и 272 КС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП