19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИМоделот Z4 на Sony е всушност Z3 +

Моделот Z4 на Sony е всушност Z3 +

 

z4 mali2

Јапонскиот производител на паметни телефони „Sony“, кој во првиот квартал испадна во Топ 10 рангирањето на најпродаваните смартфони во светот, го претстави својот нов премиум модел – „Xperia Z4“.

Всушност под тоа име смартфонот ќе се продава исклучиво во Јапонија, а во останатите земји тој ќе го носи името „Xperia Z3 +“.

Во пракса смартфонот е малку подобрена верзија на последниот модел „Z3“, а разлика има во однос на некои технички карактеристики. Екранот на моделот е со истиот 5.2-инчен дисплеј со резолуција од 1.080 пиксели, а задната камера е 20,7-мегапикселна камера на „Sony“ со сензори „Exmor RS“.

 

z4 mali1

Во однос на телото на смартфонот се забележува благо подобрување, а тоа е со дебелина од 6,9 мм наспроти 7.3 мм кај претходниот модел. Инаку тоа исто така е алуминиумско.

Друго подобрување е во правец на „USB“-портата, која веќе не треба да се затвора со капак за да се задржи водоотпорноста на смартфонот. Најзначитело подобрување е во однос на процесорот, кој е новиот „Snapdragon 810“, како и графичкиот „Adreno 43“. Новиот паметен телефон располага со 3 GB RAM меморија, како и малку послаба батерија со капацитет од 2.930 mAh. Оперативниот систем се очекува да е „Android 5.0“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП