20 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕResidence Mauritius - Прекрасно одморалиште во Маурициус (фото)

Residence Mauritius – Прекрасно одморалиште во Маурициус (фото)

mt1

Сместен на прекрасната песочна плажа во Маурициус, „Residence Mauritius“ е прекрасен рај, односно претставува се што може овој романтичен и магичен остров да ви понуди…

Модернизмот и традицијата тука креираат прекрасна комбинација, со идеалната гостопримливост која не потсетува на нивното колонијално минато. Овој резорт неколку пати ја доби титулата за најдобар, и тоа со доста голеама причина. Станува збор за волшебно мирно место, каде можете да заборавите на се што ве заморува. Релаксирањето во овој тропски рај кој зрачи со луксуз и елеганција на стариот свет, ќе се вовлече во вашето срце и долго ќе остане таму.

„Residence Mauritius“има 135 прекрасни соби за гости, како и 28 луксузни апартмани, при што секој од нив има приватен балкон или веранда, каде гостите можат да им се препуштат на волшебните погледи на Индискиот океан или елегантната градина која е исполнета со бујни тропски билки. Секоја соба и секој апартман од овој резорт се прекрасно декорирани со кремасти нијанси и топли кафени бои, со луксузен мебел и декоративни елементи.

Во овој резорт ќе имате незаборавен помин и прекрасно малдивско искуство. Идеално место за парови кои сакаат интимна венчавка или незаборвен меден месец во тропски рај. Кога ќе зачекорите на територијата на овој резорт веднаш ќе се заљубите во кристално чистата сина вода и бујните градини. Сигурни сме дека ќе посакате да останете засекогаш…

mt2

mt3

mt4

mt5

mt6

mt8

mt9

mt10

mt11

mt12

mt13

mt14

mt15

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП