24 април, 2024
ПочетнаДИЕТИДиетата на клиниката Мејо

Диетата на клиниката Мејо

mejo-dieta

Светски познатата клиника Мејо, на која од дебелина и зависности се лекувале и холивудските диви Елизабет Тејлор, Лајза Минели… ја открива својата диета, која помага да ги загубите килограмите.

Со строго придржување за 14 дена (2х7) се губат од 7,5 до 10 килограми. Мора да се придржувате до количината и редоследот на намирниците. Строга диета која дава одлични резултати.

Примена

Појадок – секој ден исто – половина гејпфрут, 3 меко варени јајца, црно кафе

1. Ден

Ручек – 1 грејпфрут, 2-3 меко варени јајца, варен спанаќ и црно кафе

Вечера – 3 меко варени јајца, мешана салата и 1 тост

2. Ден

Ручек –1 грејпфрут, 2-3 меко варени јајца, варен спанаќ и црно кафе

Вечера – голем стек, маслинки, зелена салата

3. Ден

Ручек – 2-3 меко варени јајца, домат, варен спанаќ и црно кафе

Вечера – овчи котлет, краставица и домат

4. Ден

Ручек –1 грејпфрут, мешана салата, црно кафе

Вечера –2-3 јајца, 1 тост, урда

5. Ден

Ручек – 1-3 јајца, варен спанаќ и црно кафе

Вечера –мешана салата, печена риба во фолија или на скара (никако пржена или похувана)

6. Ден

Ручек – овошна салата без шеќер

Вечера – голем бифтек, домат, краставица, чај или кафе

7. Ден

Ручек – ладно пилешко, домат, варен кељ и моркови

Вечера – 1 грејпфрут, црно кафе и зеленчук

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП