19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle ќе претстави два Nexus смартфони во октомври?

Google ќе претстави два Nexus смартфони во октомври?

nexusss 222

Според најновите гласини, оваа година можеме да очекуваме два нови смартфони „Nexus“ од „Google“.

Едниот се очекува да е фаблет и да се произведува од кинеската компанија „Huawei“, а другиот да се произведува од тајванската компанија „LG“.

Фаблетот „Nexus“ се очекува да е со 5.7-инчен дисплеј, а тој најверојатно ќе е го има процесорот „Qualcomm – Snapdragon 810“, но и батерија со капацитет од 3.500 mAh. Кодното име на овој уред е „Bullhead“.

Во однос на другиот модел, кој се очекува да се произведува од „LG“, прогнозите се дека тој ќе е со 5.2-инчен дисплеј и батерија со капацитет од 2.700 mAh. Процесорот најверојатно ќе „Snapdragon 808“, кој „LG“ го користи во последниот премиум смартфон – „LG G4“.

Ако гласините се вистинити, тогаш двата модела ќе се појават на пазарот во октомври.

Во случај на наведеното сценарио, тоа би го направило корејски „LG“ единствената компанија произвела три серии од моделот „Nexus“ на „Google“, откако компанијата ги произведе моделите „Nexus 4“ и „Nexus 5“.

Во однос на таблетите со брендот „Nexus“, гласините се дека моделот „Nexus 9“ ќе е единствениот таблет на компанијата, кој ќе се продава оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП