23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо Италија беше избран најубавиот концептен модел (фото+видео)

Во Италија беше избран најубавиот концептен модел (фото+видео)

exp 10

Купето „Bentley EXP10 Speed ​​6“ беше избрано за најубавиот автомобил меѓу прототипите и концептните модели, кои учествуваа на годишниот конкурс за дизајн – „Concorso d’Eleganza Villa d’Este“.

Натпреварот се одржа во Италија за време на викендот, а наградата му беше врачена на главниот дизајнер на британската марка Лук Донкерволке.

exp 101

Концептот „Bentley EXP10 Speed ​​6“ дебитираше пред публиката на авто-саемот во Женева во март. Тој дава идеја како ќе изгледа серискиот модел кој ќе се распореди над семејството „Continental GT“ во гамата на производителот. И истовремено ќе отвори сосема нов сегмент на пазарот.

Клиентите на „Bentley“ веќе побараа од компанијата да пушти во серија сличен автомобил, но инсистираат тој да го задржи својот изглед. Сепак, шефот на компанијата – Волфганг Дерхајемер, призна дека сериската опција ќе претрпи мали промени, претежно во форма на фаровите.

exp 102

Во основата на „Bentley EXP 10 Speed ​​6“ е модуларната платформа „MLB“, која се користи за најголемите модели на „Audi“, „Bentley“ и „Porsche“. Се очекува сериската верзија на моделот да биде опремена со турбо „V8“ мотор кој ќе развива околу 500 КС.

exp 103

Конечната одлука за ставање на сличен модел во сериско производство треба да биде донесена наесен оваа година. Ако проектот добие „зелено светло“, серискиот автомобил ќе се појави не порано од 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП