29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАMDM технологијата се повеќе присутна

MDM технологијата се повеќе присутна

mdm

Денес, речиси половина од најголемите светски компании имаат специјализирани решенија за управување и безбедноста на мобилните уреди во нивните корпоративни мрежи.

Истражувањето кое го направи „Kaspersky Lab“ кон крајот на 2012-та година во соработка со „B2B International“, покажа дека 23 проценти од организациите ги имаат усвоено специјализирани безбедносни решенија исклучиво за паметните телефони и таблети. Само 28 проценти од компаниите во светот ја избрале комплетната технологија „Mobile Device Management“ (MDM).

Постојано се зголемува бројот на паметни телефони, како за корпоративни, така и за приватни цели, кои се користат во секојдневното деловно работење. Невозможно е да се игнорира овој растечки тренд во денешната бизнис средина, што и истражувањето го докажува. Само 9 проценти од организациите сметаат дека е важно да се забрани употребата на личните паметни телефони за работа. Од друга страна, 29 проценти од компаниите им дозволуваат на своите вработени целосен пристап до корпоративните мрежи преку мобилните уреди.

„Користењето на паметни телефони и други мобилни уреди за работа на секоја компанија и го крева нивото на конкурентност, вработените стануваат пофлексибилни и се во состојба да одговараат на задачите и прашањата без разлика на тоа каде и да се наоѓаат и во колку часот. Сепак воведувањето на овие уреди во корпоративната мрежа бара нов пристап на ИТ безбедноста, затоа што компанијата може да ризикува губење на важни податоци, во случај на вируси или губење на уредот. Компанијата „Kaspersky Lab“ нуди решение за корпорациите со што ќе ги заштитат сите работни уреди, вклучувајќи ги и мобилните телефони“, изјавил Александер Ерофеев, шефот за маркетинг на компанијата „Kaspersky Lab“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП